Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 17 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 2.896 направени тестирања.
Новите случаи се регистрирани во: Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.
Изминатото деноноќие регистрирано е и едно починато лице од Скопје (70 години) во болнички услови.
Министерството информираше дека регистрирани се и 7 оздравени пациенти.
Направените 2.896 тестови се преку: ИЈЗ-117, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово–23, ЦЈЗ Куманово–12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–19, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-161, Биотек-171, Систина-76, лабораторија Лаор-267, Синлаб-33, Ремедика-7, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-423, ВФВ Медикал-0, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.376.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.981, бројката на оздравени пациенти е 150.251, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 241. Досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања на вирусот.