Поради зголемување на бројката на новоинфицирани со Ковид 19, Црна Гора воведе привремена мерка за забрана на работата на ноќни клубови и дискотеки, објавија црногорските медиуми. Мерката стапува на сила денеска, а ќе трае до 2 август.
Притоа ќе бидат забранети забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.
Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено. Доколку продолжи трендот на прекршување, најавено е дека ќе се воведуваат и дополнителни ограничување.
Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421 лице.