„Зелена дипломатија – новото нормално“, вака министерот по надворешни работи преку објава на Фејсбук, информираше дека вработените во МНР ќе се возат со електрични тротинети.
Тој објави и фотографии од промоцијата на електричните тротинети, кои ќе ги користи Министерството за надворешни работи, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.
„Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации“, забележа Османи.
Тој додаде дека за вакви секојдневни дестинации треба во можност на условите, да се користи велосипед или електричен тротинет.
„Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина“, истакна Османи.