Петар Мазев, Костадин Танчев – Динка, Решат Амети и Ладислав Цветсковски се само дел од сликарите кои ќе бидат застапени на мултимедијалната дигитална изложба – „Белегот на времето“. Од денес до 29 јули во Мала Станица ќе има дигитално мултимедијално проектирање на уметнички дела создавани низ годините од големи домашни автори и млади графички и аудио визуелни домашни дизајнери и сликари.
На изложбата ќе бидат претставени и уметниците Гоце Наневски, Бисера Михајловска, Адем Салиу, Елена Поповска, Ана Стојановска и Клелија Живковиќ.
„Секој од уметниците има сопствен креативен идентитет и креативно изразување, што дава еден уникатен мозаик од прекрасни уметнички дела“, велат организаторите.