Седум студенти и дипломци од целата држава ќе започнат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за ТИРЗ. Концептот кој се воведува од Дирекцијата има за цел на младите луѓе да им даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.
„Воведуваме нова менторска програма преку која сакаме да ги поврземе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини. Верувам дека ќе го поттикнеме креативниот потенцијал кај овие млади луѓе и ќе придонесеме кон градење на нивните капацитети и усовршување“, вели Јован Деспотовски директор на ТИРЗ.
Оттаму информираат дека студентите доаѓаат од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј од Скопје“, Американ колеџ како и Штуловиот Универзитет во Тетово и ќе бидат распределени во различни сектори.
„Праксата започнува на 3 август и ќе трае три месеци, а студентите ќе работат на проекти кои ќе ги презентираат на крајот од праксата. Практикантите беа избрани од 20 пријавени кандидати на јавниот оглас на ТИРЗ. По завршувањето на овој циклус, ќе биде објавена слична програма со цел да им се даде можност за практична настава и на други студенти од земјава“, велат од ТИРЗ.