„Смртта на Џои не остави со празни срца и неопишлива тага“, објавило семејството, пренесува „Ролинг стоун“.
Џои Џордисон, првиот тапанар на бендот и ко-автор на голем број хитови на „Слипнот“ почина на 46 возраст. Според семејството тој починал во спиење.
„Оние кои го знаеа Џои, ја разбираа неговата остроумност, одличен карактер, џиновско срце и љубовта кон музиката“, напишало семеството во објавата за смртта на музичарот.
Џордисон беше моторот кој го придвижуваше „Слипкнот“ во почетоците. Неговото присуство зад тапаните и виртузното тапанарско соло, го направија Џои омилен помеѓу фановите на бендот. Тој се занимавал и со пишување на текстови за песни, а неговиот ритам беше главната состојка за ненадејниот успех на бендот.
Тапанарот бил член од бендот „Des Moines“, металци од Ајова кои првично се нарекувале „Pale Ones“, а подоцна и „Meld“, кога Џои предложил бендот да се преименува во „Слипнот“ во 1995 година. За само неколку години, бендот се проширил на девет члена кои станале препознатливи по своите кошмарни маски и мешале метал со рап, па станале препознатливи во експлозијата на њу-метал звукот. Благодарение на турнеите, нивниот истоимен албум „Слипнот“ во 1999 година се здобил со двоен платинум статус.
Џордисон бил член во бендот до 2013 година, кога го напуштил поради „лични причини“. Неколку години подоцна, тој открил дека боледува од болест на нервите.