Во изминатото деноноќие потврдени се 398 нови случаи на Ковид-19. Како што информира Министерството за здравство (МЗ), регистрирани се 136 случаи во Скопје, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2 и по 1 во Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод.
Од МЗ информираа и дека се пријавени 4 починати лица, односно 3 лица од Куманово на 29, 49 и 74 години и еден од Гостивар на 78 години. Регистрирани се 18 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.383 тестови.
Поради забрзаното ширење на коронавирусот, Владата вчера донесе сет мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Од 16 август за влез во објекти со над 30 луѓе ќе се бара потврда за вакцина со најмалку една доза