Иако има „само“ 91 година, Маргарет Ли-Џонс не престанува да прави нови работи. Таа на почетокот на 2013 година започна со својата емисија во хемпширското радио „Angel FM“, со што станува најстариот диџеј во Велика Британија.
Како што неодамна објави БиБиСи, нејзиниот ангажман започнува со одговарање на телефоните во непрофитната радио станица, но наскоро ја убедуваат да стане радио водител и да почне со свое радио шоу.
Маргарет вели дека оваа емисија и го сменила животот. Според неа, клучот за да се остане млад е да се биде активен.