Во Франција од вчера за секојдневни активности, како на пример одење на кафе или возење со автобус или воз, ќе им бидат дозволени само на оние кои ќе покажат потврда дека се вакцинирани, преболеле КОВИД-19 или имаат негативен тест за коронавирус, бидејќи на сила стапи мерката што предизвика масовни протести во земјата.
Построги правила, вклучително и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници до 15 септември, ќе бидат на сила до средината на ноември и ќе важат за сите возрасни лица.
Тинејџерите на возраст од 12 до 17 години ќе мора да имаат таква потврда од 30 септември.
Les premiers contrôles de #Police ont démarré à titre préventif à #Paris dans les cafés et restaurants où le #PassSanitaire est obligatoire dès aujourd’hui. Verbalisation de 135 euros à partir de la semaine prochaine, jusqu’à 9000 euro en cas de récidive.#Passanitaire #reuters pic.twitter.com/Vvyh75sun3
— Antony Paone (@PaoneAntony) August 9, 2021
Рестораните, меѓуградските автобуси, авионите, саемите и здравствените установи се само некои од местата каде што ќе треба да покажат дигитална здравствена пропусница, која веќе е потребна од средината на јули за посета на кино, музеј или поголем настан.
Но, министерот за здравство, Оливие Веран, во неделата за Ле Паризиен изјави дека некои правила нема да бидат толку строги како што е планирано, како што е валидноста на негативен тест до 72 часа, наместо 48. Самотестирањето е исто така можно, доколку се изведува под надзор на доктор.
Протестите против мерките во текот на викендот привлекоа повеќе од 200.000 луѓе. Масовни протести се одржуваат секој викенд откако претседателот Емануел Макрон најави промени во средината на јули за да се спречи порастот на инфекции со коронавирус.
Од 67 милиони жители во Франција, околу 63 проценти примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19. Повеќе од половина се целосно вакцинирани.