Млади за Скопје во новата епизода имаат интервју со „Ruststained“, хеви-метал бенд од Скопје, формиран во 2011 година.
Бендот зема инспирација од повеќе реномирани групи како што се: Opeth, Katatonia, Poisonblack, Sentenced, Paradise Lost и други. Активно твори во комбинација на повеќе жанрови, а дел од нив се: Heavy Metal, Doom Metal, Death-doom.
Исто така, тука е и интервјуто со Сарита Конеска, дипломиран уметник при Факултетот за ликовни уметници – Скопје. Таа има и магистратура во областа сликање, конзервација и реставрација.
Конеска има работено како фреско и иконо сликарка на повеќе црковни објекти меѓу кои се издвојува манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Учествувала на бројни меѓународни изложби во Вашингтон, Малме, Ријека, Отава.
Со претставувањето на Ruststained и Конеска во оваа епизода, Млади за Скопје практично го најавува настанот на 29 август кај уличката кај „Ла Кања“ во Старата Скопска Чаршија.
Оваа епизодата се насочува и кон темата за животна средина.
„Круцијално за нашиот опстанок е грижењето за животната средина. Без квалитетна вода за пиење, без чист воздух, неконтаминирана почва, ние можеме не можеме да се надеваме на прогресивна иднина за нас и за нашите потомци, како и за останатиот животински и растителен свет“, велат од Млади за Скопје.