Бројот на мигранти кои нелегално влегуваат во Европската Унија (ЕУ) преминувајќи го Западен Балкан годинава е двојно зголемен, објави граничната агенција на ЕУ, Фронтекс.
Границата на ЕУ, од јануари до јули нелегално ја поминале 22.600 мигранти, што е за 90% повеќе отколку во истиот период во 2020 година.
Медиумите наведуваат дека многу земји членки на ЕУ се загрижени поради моменталната состојба во Авганистан, од каде што многу луѓето бегаат од војната и повлекувањето на американските сили.
Вкупниот број на нелегални преминувања на границата на ЕУ од почетокот на годината достигна повеќе од 82.000 луѓе, што е за 59% повеќе од минатата година, се вели во соопштението на Фронтекс.