Студентите од самохрани и еднородителски семејства не можат да си ги остварат своите права бидејќи при пријава на дел од Факултетите во Р.С. Македонија, се целосно изоставени како група, реагираат од One Can – Уouth преку фејсбук објава на нивната официјална страница.
Тие забележуваат дека за време на уписот на Универзитетите за академската 2021/2022 година, на дел од факултетите во делот наменет за специјални околности недостасува називот: ,,Кандидат чие родителско право го врши само еден родител“. Со ова, тие појаснуваат дека тие го губат правото на плаќање пониска партиципација на факултетите.
„Студентите од самохрани и еднородителски семејства се изоставени и дискримирани според Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право“, реагираат младите.
Со овој правилник инаку се пропишува начинот на проверката на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на правото на плаќање на половина од износот на уписнина во рамки на државните квоти.
„Нашата подружница One Can Youth исто така достави писмено прашање во врска со овој проблем до УКИМ и студентски правобранител, но до моментот на оваа објава, се уште немаме повратни информации. Бараме до Универзитетите во Р.С. Македонија внимателно да ја разгледат пријавата за упис или да споделат информации се со цел овие студенти од самохрани и еднородителски семејства да ги остварат своите права. Со оглед на ранливоста на нивната финансиска состојба, се замолуваат надлежните институции внимателно и прецизно да им укажат на сите поволности што им ги нуди нашата држава. Како подружница стоиме на располагање за сите прашања од овие студенти и било каква помош и поддршка“, реагираат младите од One Can.