Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1.074 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 357 случаи во Скопје, по 155 во Гостивар и Тетово, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5 и по 1 во Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево.
Од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 24 лица, односно 6 лица од Скопје на 69, 70, 73, 76, 77 и 79 години, 5 лица од Куманово на 59, 60, 67, 69 и 78 години, 4 лица од Тетово на 47, 62, 67 и 68 години, 3 лица од Кичево на 64, 67 и 77 години, 2 лица од Гостивар на 63 и 74 години и по 1 лице од Валандово на 43 години, од Охрид на 61 година, од Струмица на 73 години и од Битола на 74 години.
Регистриран e 291 оздравен пациент, односно, од Скопје – 81, Гостивар – 80, Тетово – 38, Кичево – 32, Куманово и Дебар – по 12, Радовиш – 7, Битола и Струмица – по 6, Кавадарци и Валандово – по 3, Прилеп, Штип, Свети Николе и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Велес, Крива Паланка и Виница.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.093.646 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 7.571 тест.
Министерството за здравство претходно ја објави и двонеделната анализа на позитивни случаи со Ковид-19 од вакцинирани. Во периодот од 6 до 19 август, од МЗ велат дека е регистрирано 9.881 позитивно лице на Ковид-19, додека од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица.
Оттаму додаваат дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози на вакцина и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.
„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со Ковид-19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9 односно (8%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања. Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство“, стои во соопштението на МЗ.
Истовремено тие посочуваат дека секоја вакцина која земјава ја има на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и дека штити од смртен исход. Со цел да се постигне колективен имунитет и да се спречи ширење на мутациите на вирусот, од МЗ апелираат граѓаните да се вакцинираат.