Климатскиот извештај кој вчера го објави УНИЦЕФ предупредува дека една милијарда деца се во екстремно висока опасност од климатската криза, а во извештајот насловен „Климатската криза е криза за детските права“ се класифицирани 33 земји под „екстремно висок ризик“, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Меѓу тие земји се Индија, Нигерија, Филипини и субсахарските африкански земји.
Децата во овие земји „се соочуваат со смртоносна комбинација на изложеност од повеќекратни климатски и еколошки шокови со висока загрозеност поради несоодветни основни потреби, како што се вода и санитарни услови, здравствена заштита и образование“, се наведува во извештајот.
„За прв пат имаме целосна слика за тоа колку деца се загрозени поради климатските промени и таа слика е незамисливо страшна“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.
„Климатските и еколошки шокови го поткопуваат целиот спектар на детски права, од пристап од чист воздух, храна и безбедна вода до образование, домување, слобода од експлоатација – дур и и право на опстанок. Речиси ниту едно дете нема да остане незагрозено“.
Во извештајот агенцијата наведува дека децата треба да се едуцираат за климата и да учат за зелени вештини.
Исто така, УНИЦЕФ во извештајот ги повика и младите да се вклучат во климатските преговори и одлуките кои се носат.