Со почеток од 20 часот и 20 минути, во Кинотеката на Северна Македонија вечерва ќе се одржи проекција на документарните филмови „Камена градина“ и „Кобра“, додека за во среда се закажани и проекциi на филмовите „Види ја ти неа“ и „Соба со пијано“. Ова е само дел од програмата на манифестацијата „Филмска култура“ која ќе се одржи во Скопје.
Изминатите 2 дена во Битола и Тетово, како дел од манифестацијата, љубителите на домашната кинематографија проследија селекција филмови од македонска продукција и изведба на филмска музика.
Програмата во овие два града ќе трае уште денеска, па така, во Центарот за култура во Тетово вечерва ќе се одржи проекции на филмовите „Црвената соба“ и „Летачкиот циркус“, додека во Центарот за култура во Битола ќе бидат прикажани филмовите „Црвената соба“ и „Хомо“.