По повод 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред, пред споменикот на одредот во Карпош 3, вечерва во 20 часот ќе се одржи кино-проекција на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде Шербеџија и Данило Шербеџија.
На кино-проекцијата ќе и претходи и положување цвеќиња пред паметникот во 19 часот, информираат од Град Скопје.
„Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред…. бригадите, баталјонот ‘Мирче Ацев’, па се до дивизиите и корпусите“, посочуваат од Град Скопје.
Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани, од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а тројца од нив, односно Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.