Десетици демонстранти кои се противат на рестрикциите воведени поради коронавирусот и вакцинацијата вчера упаднаа во зграда во Лондон, каде што се наоѓаат неколку британски телевизии, пренесува „Н1“.
Додека стотици демонстранти против вакцините маршираа низ улиците во градот, дел од нив го пробија обезбедувањето кај седиштето на телевизијата ИТН, каде што се прават вестите за телевизиите ИТВ, Канал 4 и Канал 5.
Тие се упатија кон еден од водителите и извикуваа „Сега ни ги земаат децата“, затоа што во Велика Британија со вакцинацијата се опфатени децата од 16 до 17 години.
Полицијата која била повикана, само соопшти дека демонстрантите ја напуштиле зградата кога тие пристигнале.
„Ние сме против масовно тестирање со сомнителни ПЦР тестови и вакцинација на деца“, рече еден од демонстрантките.
Друг демонстрант рече дека масовните медиуми известуваат само за починатите од Ковид-19, и дека никој не известува за смртните случаи поради вакцините.