Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 36 лица. Од починатите лица, 35 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Починале 11 лица од Скопје на 76, 70, 69, 67, 67, 65, 62, 50, 48, 48 и 47 години, 8 лица од Тетово на 85, 81, 69, 64, 63, 63, 61 и 57 години, по 3 лица од Кичево на 72, 68 и 56 години и од Струмица на 71, 65 и 57 години и по 2 лица од Куманово на 74 и 68 години и од Струга на 72 и 67 години.
Од Ковид-19 починало и по едно лице од Гостивар на 53 години, од Ресен на 24 години, од Дебар на 54 години, од Кочани на 79 години, од Велес на 62 години, од Валандово на 58 години и од Македонски Брод на 63 години.
Во последните 24 часа се потврдени 1.037 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 386 случаи во Скопје, 110 во Тетово, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21 и 18 во Свети Николе.
Потоа, регистрирани се 17 случаи на Ковид-19 во Битола, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2 и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Берово и Богданци.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 123, Гостивар – 106, Тетово – 85, Куманово – 37, Струмица – 30, Кичево – 25, Охрид – 21, Струга – 18, Битола – 11, Кавадарци и Ресен – по 9, Штип – 8, Кочани и Дебар – по 7, Радовиш, Берово и Кратово – по 6, Виница – 5, Прилеп – 4, Велес и Свети Николе – по 3, Пехчево – 2 и 1 по во Валандово, Делчево и Пробиштип.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 173.689, бројката на оздравени пациенти е 154.174, на починати е 5.818, а бројот на активни случаи изнесува 13.697“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.654 тестови.