Во вторник (31 август) од 12 часот, во организација на „Младите можат“ ќе се одржи панел дискусија насловена ‘’Влијанието на различните средини врз менталното здравје на младите’’, на која експерти ќе говорат за влијанието од три различни аспекти.
Регионалниот настан во Скопје има за цел да ја подигне свеста за важноста на влијанието на образовниот систем, семејството и врсниците врз развојот на младите преку споделување на знаењето на експертите и собирање на информации преку тркалезна маса на чија основа потоа ќе се креира документ за јавни политики.
„Дополнително, во текот на проектот и процесот на изработка на документот за јавни политики, ќе бидат организирани уште 3 регионални настани во Битола, Штип и Гостивар. Овие настани се во неформален амбиент и учесниците ќе имаат можност преку принципот на world café, во мали групи, да разговараат на темата од 4 различни аспекти. Потоа, сите учесници ќе дискутираат за ставовите на сите поединечни групи и ќе донесат заеднички заклучок. Врз основа на заклучоците експерт ќе изработи документ за јавна политика кој ќе содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат менталното здравје на младите“, најавуваат организаторите.
Дискусијата ќе се одржува во Ресторанот Рагуза, а поради ограничениот број на учесници согласно мерките за справување со Ковид-19, организаторите порачуваат сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк – https://forms.gle/s8kEAErf1c4Cp9w89
Повеќе информации за настанот може да најдете на следниов ЛИНК.