Министерството за здравство информираше дека последните 24 часа регистрирани се 978 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 7.452 тестирања.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 405,Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се 24 починати лица: 6 починати лица од Скопје (82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г), 3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г),по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 524 оздравени пациенти од: Гостивар – 155, Скопје – 129, Тетово – 64, Струмица – 43, Кичево – 38, Куманово – 27, Битола – 14, Кавадарци – 11, Штип – 8, Велес – 5, Кочани ,Свети Николе и Кратово – по 4, Гевгелија, Дебар и Виница – по 3, Радовиш – 2, Прилеп, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Делчево , Валандово и Дојран – по 1.
Направени се 7.452 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-87, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово –79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–255, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-440, Биотек-580, Систина-155, лабораторија Лаор-742, Синлаб-68, Ремедика-0, Плодност–107, Генеа -4, Никоб лаб-990, ВФВ Медикал-120, Ели Медика-186, Ројал Медика –110, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.839.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.
Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19.