Денес, по повод 20 годишнината од премиерата на филмот „Прашина“, режисерот Милчо Манчевски најави презентација на филмот на три платформи.
Во Кинотеката, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на „Прашина“ на отворно, а сите присутни ќе добијат подарок од ДВД примероци со филмовите „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“.
Во 21 часот, на фан страницата на Манчевски на Фејсбук ќе биде поставен линк за бесплатен стриминг на филмот.
Во 23 часот, филмот ќе се емитува на Македонската радио телевизија, а со вовед од краток видео есеј и обраќање на директорот на Кинотека, Владимир Ангеловски.