По цела година онлајн, учениците од денеска се враќаат во училиштата под посебни протоколи. Над процесот лебди неизвесност околу тоа како ќе се прилагодат и наставниците и учениците, додека секојдневно се регистрираат високи бројки на новозаболени со коронавирусот.
Во оваа епизода „На Час“, за тоа колку сме подготвени за новата учебна година, разговараме со:
Ана Попризова, училишен психолог во Средното училиште „Орце Николов“ од Скопје
Томислав Гиевски, наставник во Основно училиште „Рајко Жинзифов“ – Драчево и Претседател на Независниот синдикат за образование и наука, и
Лука Павиќевиќ, средношколец и Претседател на Сојузот на средношколци
*Видео дискусијата е направена во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Даниел Евросимоски