Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), во изминатите неколку дена, учествуваше на големиот европски шампионат „European Nations Cup 2021.“ На шампионатот се играа двe е-спорт дисциплини – „Counter Strike: Global Offensive“ и „Pro Evolution Soccer 2021“.
На шампионатот, во кој учествуваа 12 федерации, не претставуваа националните победници од Македонската Еспорт Лига, која одржа натпревари во периодот јуни – јули 2021 година.
ОД МЕСФ информираат дека за прв пат во историјата на МЕСФ и македонската CS:GO сцена освоено е прво место во меѓународен натпревар. Во финалето, македонските претставници ги победиле противниците од Романија со резултат од 2:0.
„Давид Гаревски, нашиот најдобар ефудбалер покажа солидна игра и успеа да стигне до полуфиналето на PES21 натпреварите. Полуфиналето беше против Србија, кои оваа година се најдобри во Европа и во многу тесни натпревари, нашиот тим изгуби со 2:0“, дополнуваат од МЕСФ.
Македонската Еспорт Федерација е формирана во 2009-та година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација. Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства, а ова е првото на кое освојуваме медал.