„Кога калинката ќе пукне! Тапанот ќе чукне. Виделина ќе бликне. Од земјата пиреј ќе никне“ – под ова мото започува 13 издание на регионалниот „БОШ“ Фестивал, кој ќе се одржи онлајн на 3 и 4 септември. Фестивалската програма во живо ќе се пренесува преку дигиталните плаформи на Facebook и Youtube и преку веб страната на БОШ .
Во рамки на дводневната програма ќе бидат прикажани пет изложби, два концерти, два диџеј сета, селекција на кратки филмови од македонски автори, селекција на анимации од „Flipbook Film Festival“, видео инсталации и прoмоција на мурал на авторката Мирјана Масети кој ќе биде насликан на ракометното игралиште во Гевгелија.
Во визуелната програма на фестивалот ќе бидат претставени искусни автори од областа на стрипот и графиката како Горан Дачев и Радован Поповиќ, но исто така е оставен простор и за претставување на младата уметничка сцена од регионот односно Ана Трајковска, Кети Пренда и Радмила Гошевска.
Во рамки на музичката програма ќе настапи извонредниот џез состав „SEТHSTAT“, а свој концерт ќе има и „Lenhart Tapes“ со исклучителен музички перформанс преку користење на касетофони.
DJ сетовите се резервирани за крајот на програмата и тоа Стефан Алиевиќ во петок и Ѓорѓи Јаневски за затворање на фестивалот во сабота.
Дизајнот на плакатот за фестивалот и видео инсталацијата за во саботното издание е на Филип Митров, по сценографија Велимир Жерновски.
Целосната дфестивалска програма е достапна тука.