Колекционерот познат под псевдонимот „Пренкси“ го вратил уникатниот токен откако открил дека тој е лажна, пренесува „Гардијан“.
Делото, кое било наречено „Одлична редистрибуција на катастрофата од климатската криза“, го убедило колекционерот Пренкси, да плати илјадници фунти за да го врати токенот откако тој бил проценет како лажен.
Некои сметаат дека ова е трик за популарност, но без разлика на мотивацијата, овој инцидент го фокусираше вниманието кон трговијата со уникатни дигитални токени „НФТ“, која веќе е критикувана од уметниците кои велат дека нивните дела се продаваат без нивна дозвола и согласност.
Официјалната веб-страна на Бенкси има избришана категорија со името „НФТ“, која вклучувала линк до сајт за аукција каде се продавало уметнички дело со истото име.
Уметничкото дело воопшто не личело на оние на Бенкси, но линкот го убедил колекционерот да се наддава со криптовалути. Тој изјавил дека знаел дека е измамен бидејќи неговата понуда веднаш била прифатена.
„Фактот дека линкот беше објавен на banksy.co.uk, беше причината поради која ја дадов понудата.
Претпоставував дека станува збор за аукција од три дена, но кога мојата понуда беше веднаш прифатена, сфатив дека сум измамен“, изјавил колекционерот.
Тој додал дека продавачот му ја вратил уплатата освен данокот за трансакција кој чинела 5.000 фунти.
Инцидентот поткопува едно од нештата што ги прави дигиталните и уникатни токени толку привлечни: фактот дека тие нудат криптографски сигурна автентичност. Но, проблемот е во тоа што автентичноста зависи од тоа дали продавачот е тој што се претставува.
Тимот на Бенкси брзо реагираше изјавувајќи дека Бенкси не стои зад продажбата.
„Уметникот Бенкси не создава дигитални уметнички дела“, се вели во соопштението, но не беа објавени информации зошто сајтот на Бенкси беше компромитиран.
Според Пренкси, измамата и брзото враќање на парите укажуваат на некој што сакал да докаже поголема поента истакнувајќи ги слабостите на тргувањето со уникатни токени.