Македонскиот актер Влад Илиќ утре, на 4 септември ќе одржи свој „Stand Up Special“ во Младинскиот културен центар.
Од МКЦ велат дека Влад е млад и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно „комеди шоу“ со кое од ден на ден станува се пополурарен и баран по комеди клубовите во Англија.
Тој досега ги има освоено наградите „King of the Gong – Comedy Store Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club Soho“, „London One to Watch – Up the Creek“, „Greenwich London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London“.
Македонската јавност го препознава Илиќ и по неговото гостување во „BBC“, шоу кое е достапно тука.
Специјален гостин, кој ќе ја отвори вечерта е Никола Сиљаноски – Братучед, млад и перспективен „stand up комичар од Охрид“.
Билетите за настапот чинат 400 денари и се достапни онлајн, но и на билетарницата на МКЦ.
Од МКЦ известуваат дека настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во јавен простор.