На крајот на оваа работна недела, Радио МОФ во нова рубрика ви ги претставува ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина и слично.
По една и пол година онлајн, се полнат училишните дворови – започна новата учебна година
Учениците денеска се вратија во училишните клупи после една и пол година онлајн настава. Средношколците повторно се на улиците, а во училишните дворови одново се враќа вревата. Училиштата ги пречекуваат учениците според протоколите за заштита од Ковид-19, а за првачињата се организираат свечени приеми. Сепак, наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе се организира онлајн во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, додека онлајн настава ќе има и во Кичево и Струга, но таму во траење од 7 дена, информираше синоќа владината прес-служба.
По една и пол година онлајн, се полнат училишните дворови – започна новата учебна година
2. За две децении 85 илјади ученици помалку запишани во македонските училишта [Инфографик]
Според информации на Министерството за образование и наука околу 187 илјади основци и 70 илјади средношколци денеска седнаа во школските клупи и ја започнаа новата учебна година.
Овие бројки се далеку помали во споредба со податоците за запишани ученици во македонските основни и средни училишта во учебната 2000/2001 година, најраниот период од кога овие податоци можат да се пребаруваат на Мак-стат базата на податоци на Државниот завод за статистика.
За нешто повеќе од две децении дури 62 илјади помалку ученици се запишале во основните училишта, додека 23 илјади помалку средношколци денес тргнаа на првиот школски час.
За две децении 85 илјади ученици помалку запишани во македонските училишта [Инфографик]
3. Школската година за некои од нетипичните деца започна без образовен асистент
Иако влегоа во училишните клупи, новата учебна 2021/2022 година за дел од децата со нетипичен развој стартуваше без образовен асистент. Родители сè уште чекаат термин од Службата за функционална проценка на деца и млади (МКФ), чиј извештај за образовен асистент мора да се приложи во основното училиште каде детето е запишанo, за потоа асистентот да биде поддршка на наставникот во едукацијата.
Школската година за некои од нетипичните деца започна без образовен асистент
4. [Фото] Бранкица Јордановска: Се претставуваме како нешто што не сме, само за да се заштитиме
„Ставаме маска за да не’ штити од изопачената реалност, а сепак ние стануваме тоа од кое сакаме да се заштитиме, изопаченото“, вели Бранкица Јордановска, која вчера во Галерија МКЦ ја отвори својата изложба „Маска или преобразба на изопаченото“.
Изложбата за културните фанатици и пошироката јавност ќе биде отворена до 8 септември. Според најавата, се работи за самоистражувачка студија и обид за откривање на двојната вредност испреплетена во релациите помеѓу храброста и срамот.
[Фото] Бранкица Јордановска: Се претставуваме како нешто што не сме, само за да се заштитиме
5. Дигиталната зависност нè „поплавува“ со допамин
Мој пациент, паметно и внимателно младо момче од 20 години, дојде во мојата канцеларија поради исцрпувачка анксиозност и депресија. Тој се имаше откажано од факултетот и живееше со своите родители. Многу површно, тој го планираше своето самоубиство. Истовремено, момчето играше видеоигри скоро цело време.