Иницијативата „Бори се женски“ идната среда (4 септември) организира предавање на Даниела Ременска, докторанд на Free University Amsterdam, во областа на Computer Science (High Performance Distributed Computing). Таа се занимава со grid computing, а фокусот и е на формалната верификација на однесувањето на дистрибуирани системи. Ременска има објавено и научен труд за NASA. За време на краткиот престој во Скопје, таа ќе зборува за личните искуства – што значи да се биде жена која се бави со технологија.
По предавањето ќе следи сесија на прашања и одговори со присутните, под модераторство на Ана Василева.
Настанот е поддржан од Младински Образовен Форум, а тој ќе се одржи во дворот на МОФ, од 20.00 часот.