Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 32 лица. Од пријавените, 28 починале во болнички услови, а 4 лица во домашни услови.
Починале 9 лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од Гостивар (71г, 71г и 41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно лице од Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г) и Македонски Брод (61г).
Во последните 24 часа се потврдени 682 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 317 случаи во Скопје, 51 во Куманово, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13 и по 11 во Охрид и Струга.
Потоа, регистрирани се 10 случаи на Ковид-19 во Делчево, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.
Регистриран e 1.031 оздравен пациент, односно, од Тетово – 393, Скопје – 296, Гостивар – 99, Куманово – 57, Кичево и Охрид – по 28, Струга – 25, Дебар – 21, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп – 11, Велес – 10, Македонски Брод – 8, Пехчево – 5, Радовиш и Кочани – по 4, Виница – 3, Валандово, Кратово, Свети Николе и Берово – по 2 и по 1 од Кавадарци, Ресен и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394“ стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.197.339 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.425 тестови.