За време на едно од најжешките лета во италијанската историја, папата Франциск им испрати 15.000 сладоледи на затворениците во два римски затвори, објави Ватикан вчера, а пренесува „Телеграм“.
Во соопштението се наведува дека сладоледите се испратени во два затвори, односно во „Регина коели“ на реката Тибар во центарот на градот и во затворот „Ребибиа“ кој се наоѓа во предградието на Рим.
Во негово име, сладоледите ги достави еден од најмладите кардинали, 57-годишниот Конрад Краевски, задолжен за помош на сиромашните.
Медиумите исто така потсетуваат дека Краевски од 2013 година по налог на папата Франциск организираше и поставување пунктови за медицинска помош и одржување на хигиена за бездомници во близина на Ватикан.