Во јули годинава се издадени 446 одобренија за градење, што претставува 57 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите изнесува 9.952.602 денари, што е за 97% повеќе во однос на истиот месец минатата година, според издадените одобренија за градење.
„Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 (63.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 112 (25.1 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 446 објекти, на 201 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 245 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти“, се додава во извештајот на заводот.
Најмногу одобренија, односно 154 се издадени во скопскиот регион и потоа следува полошкиот со 128. Најмалку одобренија за градба, 11 се издадени во североисточниот регион.
Во извештајниот период, како што се посочува е предвидена изградба на 1.945 станови, со вкупна корисна површина од 153.184 м2.