Моџо, Паркети, Виктор Апостоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт на Широк сокак ќе седат и ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани. Ова ќе биде во склоп на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, чие 42. издание ќе се одржува од 16 до 21 септември во Битола.
Според организаторите, годинава Битола ќе живее за филмот, ќе раскажува за филмот, ќе пее за филмот.
„Се радуваме дека оваа година ќе имаме фестивал. Се прилагодивме на околностите, и фестивал ќе има благодарение на три сона. Првиот е благодарение на Друштвото на филмските работници на Македонија, кое како основоположник на фестивалот одлучи дека мора да има фестивал. Тоа е нашиот прв сон. Вториот сон е дека фестивалот мора да ѝ се врати на Битола, да се врати како добар домаќин на прослави, веселби, како што знае да биде, и тоа ќе се случи. Годинава имаме ОФФ-фест програма, а благодарение на Слаѓан Пенев имаме филмови кои се кремот од кремот на годинашната програма и третиот сон е што се организираше една група луѓе која сакаше сето ова да го реализира. Нашата цел е Битола да ја направиме позната во светот преку овој фестивал, имаме извонредно жири, одлични филмови, рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски на прес конференцијата која денеска се одржа во Битола.
Селекторот на официјалната програма Слаѓан Пенев ја презентираше филмската програма која, вели тој, претставува врв на сè она што е актуелно во филмската уметност во моментов.
Тоше Ивановски е координатор на ОФФ-програмата и истакна дека Битола како рамноправен партнер на фестивалот треба да преземе што повеќе предизвици и што повеќе битолчани треба да бидат вклучени. Од Мони Дамевски и од овој тим, вели тој, им се дало таква можност и смета дека ќе ја оправдаат.
„Два пункта на Широк сокак ќе бидат промотивни точки каде сите минувачи ќе го почуствуваат градот жив и разигран. Моџо, Паркети, Виктор Апосоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт ќе седат и ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани. Во анимација ќе учестуваат и музичари, фото клубот од Битола со изложба, пантомима, ќе има сегмент ‘Живи слики’, филмска музика ќе се изведува на Широк сокак, промоција на дела од Ана Јовковска. Овде ќе ја истакнам и фонотеката на Сашо Ставрев и неговиот татко кои ќе ја споделат со битолчани и со гостите и посетителите на фестивалот својата богата фонотека создавана низ годините“, истакна Ивановски.
– – – – – – – – – –
Во продолжение ви ја претставуваме програмата на „Браќа Манаки“:
16.09.2021 ( четврток)
20:00 Свечено отворање
21:00 Проекција: „Сестри“
17.09.2021 ( петок)
11:00 Прес конференција за „Сестри“ со Наум Доксевски ( Театар Битола)
12:30 Работилница ( Јакоб Балингер и Кристијан Бергер) ( Мала сала –Дом на Култура)
17:00 Промоција на Монографијата за Браќата Манаки- Кинотека ( мала сала во Музеј на Битола)
18:00 Проекција на краток филм „The end of suffering“ – „Крај на страдањето“ (Дом на Култура)
18:14 Проекција „МУРИНА“ ( Дом на Култура)
21:00 Проекција на „Hanna Monster, Liebling“ – „Хана, Монстер, душа“ ( филм во чест на лауреатот) – Кино Манаки
21:30 Проекција на краток филм „Trough the haze” –„Маглива ноќ“ ( Дом на култура)
21:45 Проекција: „Wheel of fortune and fantasy“ – „Тркало на среќа“( Дом на култура)
18.09.2021 ( сабота)
11:00 Прес конференција за „Wheels of fortune and fantasy “– „Тркало на среќа“ online conference Yukiko Iioka-Јукико Иока
12:30 Работилница Jocelyn Pook – Џослин Пук, Мастер клас компонирање на филмска музика (мала сала Дом на Култура)
18:00 Проекција на „Северен пол“
18:15 Проекција на „Magnetic Beats“- „Магнетни битови“ Дом на Култура
21:30– Проекција на „There is no evil“- „Нема зло“ Дом на Култура
19.09.2021 (недела)
11:00 Прес конференција за „There is no evil“- „Нема зло“ Ashkan Ashkani ( Театар Битола) и Влатко Самоиловски
12:30 Работилница со Грег Маканџи ( мала сала Дом на Култура)
18:00 Проекција на краток филм „Places“- „Места“ ( Дом на култура)
18:12 Проекција на „ Compartment number 6“ – „Купе број 6“ ( Дом на Култура)
21:30 Проекција на краток филм „In the soil“ – „Во почвата“ ( Дом на Култура)
21: 44 Проекција „THE WORST PERSON IN THE WORLD“ – „Најлошиот човек на светот“ ( Дом на Култура)
20.09.2021 (понеделник)
10:00 Балканска конференција –Имаго ( Хотел Епинал)
11:00 Онлајн Прес Конференција со Kasper Tuxen – Каспер Туксен
11:30 Доделување на награди Џифони (мала сала Дом на култура) 12:30 проекција на „Стела“ во кино Манаки
12:30 Проекција на “Стела“ во Дом на култура
18:00 Проекција на краток филм „Silence of the river“ – „Тишината на реката“ (Дом на култура)
18:14 Проекција на „Feathers“ – „Пердуви“ (дом на култура)
21:30 Проекција на краток филм „Dummy“ – „Кукла“ (Дом на Култура)
21:43 Проекција на „ As far as I can walk“ – „Колку што ме носат нозете“( Дом на Култура)
21.09. (вторник)
11:00 Прес конференција Jelena Stankovich -Јелена Станковиќ( Театар Битола)
18:00 Кратки филмови: „Stephanie“- „Стефани,„ Voci“-„Гласови“,„ Sona“ –„Сона“( Кино Манаки)
20:00 Проекција на „Titane“ – „Титаниум“ ( Дом на Култура)
22:00 Свечено затворање/Доделување на награди ( Дом на култура)