Бројката на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.
Истовремено ваквиве денови се случуваат во многу повеќе места од светот отколку претходно, што претставува предизвик по здравјето и по начинот на живот како никогаш досега.
Вкупниот број денови преку 50 степени се зголемувал секоја деценија од 1980-та година. Во просек, помеѓу 1980-та и 2009-та температурите преминале 50 степени околу 14 денови во годината. Оваа бројка е зголемена на 26 денови во периодот меѓу 2010 и 2019.
„Зголемувањето може 100% да се припише на горењето фосилни горива“, објаснува д-р Фредерике Ото, помошник директорка во Институтот за еколошки промени на Универзитетот во Оксфорд.
Поради глобалното загревање, екстремните температури стануваат многу поверојатни. Високите жештини можат да бидат смртоносни и за луѓето и за природата и предизвикуваат големи проблеми на инфраструктурата, како патиштата, енергетските системи и зградите.
Температурите од 50 степени доминантно се случуваат во Блискиот Исток и Персискиот Залив.
„Мораме да дејствуваме брзо. Што побрзо ги намалиме емисиите, толку подобро ќе биде за сите нас“, вели д-р Сихан Ли, климатскa истражувачка на Школата за географија и екологија од Универзитетот во Оксфорд.