Партијата на домородните Маори поднесе петиција за промена на државното име на Нов Зеланд во Аотеароа, оригиналното име на државата на јазикот на домородците Маори, пренесува „Гардијан“.
„Ние сме полинезиска држава – ние сме Аотеаора. Веќе е поминато долго време и треба да го промениме името во официјалиот јазик на земјата. Аотеаора е име која ќе ја обедини нашата држава, наместо да ја разедини. Едни го претставуваат името како алатка за раздор, но тоа тоа е инклузивно. Нов Зеланд е холандско име, а дури и тие го променија името“, изјавила Равири Ваитити, една од лидерките на Маори при започнување на петицијата.
Преку петицијата, се бара од властите „да ги идентификуваат и официјално обноват имињата на општините, градовите и реоните со имиња на домородниот јазик“ во наредните пет години, со тоа што процесот треба да заврши до 2026 година.
„Задача на властите е да направат сè што можат за да го обноват статусот на нашиот јазик. Тоа значи дека тој треба да е воведен на многу места – во јавниот сервис, радиата, сообраќајните знаци, мапите и рекламите, како и во образованието“, велат од „Маори“.
Со текот на времето, жителите на Нов Зеланд, политичките лидери и компаниите сè повеќе го користат името „Аотеароа“ заедно со Нов Зеланд, но тоа не е официјализирано.
Премиерката Јасинда Ардерн минатата година изјавила дека не се размислува за официјална промена на државното име, но ги поддржува луѓето кои го користат. Таа додала дека користењето на името „Аотеароа“ го смета за позитивна работа.
Во првите два и пол часа по објавувањето на петицијата, се собрале 3.000 потписи.