Романи во кои дејството се одвива во Шри Ланка, Јужна Африка, Заливот Кардиф и во вселената се номинирани за овогодишната Букерова награда.
Жири-комисијата соопшти дека нивниот избор на шест извонредни книги било вистинско патешествие во годината во која најголемиот дел од светот мораше да остане во своите домови.
На финалната листа се наоѓаат тројца американски и по еден британски, шриланечки и јужноафрикански писатели.
„Нашата финална листа е извонредна. Приказни кои ве вовлекуваат, гласови кои ви влегуваат во вашата глава, што прилично го отсликуваше искуството на читање во карантин. Листата е глобална и според авторите и според дејството. Тие истовремено опфаќаат теми и за животот и за смртта, што е потресно и релевантно во оваа катастрофална година“, вели Маја Џесанов, член на жири-комисијата.
За главната награда се натпреваруваат:
Анук Арудпрагасам – „Патешествието на север“ (A Passage North).
Дејмон Галгут – „Ветувањето“ (The Promise)
Патриција Локвуд – „Никој не зборува за ова“ (No One Is Talking About This)
Надифа Мохамед – „Среќникот“ (The Fortune Man)
Меги Шипстед – „Големиот круг“ (Great Circle)
Добитникот на Букеровата награда ќе биде прогласен на 3 ноември.
Најпрестижната книжевна награда се доделува за книги објавени или преведени на англиски јазик. Оваа година Букеровата меѓународна награда ја доби романот „Навечер целата крв е црна“ (At Night Аll Blood Is Black) од францускиот писател со потекло од Сенегал, Давид Диоп.