На 16 септември, утре, од 17 часот и 30 минути на Средно Водно, „Прв до Врв“ организира вело пикник, со кој се одбележува Европската недела на мобилност.
Оттаму велат дека учесниците се собираат заедно на Средно Водно на заеднички вело излет, каде ќе биде обезбедено освежување за сите регистрирани учесници.
Пријавувањето е бесплатно, но за учество е потребно да се испрати мејл на info@prvdovrv.mk.