Во петок започнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи” – „STURM UND DRANG“.
Оваа година фестивалот ќе претстави над 70 уметници од различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.
Од фестивалот известуваат дека во програмата „Нов бран“ ќе се претстават 12 македонски уметници во четири категории – поезија, музика, дизај на постер и фотографија. Ќе бидат претставени млади автори со нивните нови драмски дела на настанот „Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар ИТИ.
Во рамките на студентската програма ќе биде прикажана „Универзитетската конференција” на која ќе учествуваат 7 универзитетски професори од седум различни држави.
На последниот ден од фестивалот публиката ќе има можност да ја види претставата „Едноминутна актерска игра” на 9 студенти по актерска игра од различни држави, како и краткиот видео перформанс на актерот Петар Милошевски кој е создаден за време на полицискиот час.
За време на фестивалот ќе бидат одржани две онлајн работилници и еден мастер-клас за актери и режисери. Фестивалот ќе трае од 17 до 23 септември.
Затворањето на фестивалот ќе се случи во Младинскиот културен центар, каде ќе се отвори изложба во рамки на програмата „Но бран“, а ќе бидат доделени и наградите.
Целосната фестивалска програма е достапна тука.