Здравствените работници во Франција кои не биле вакцинирани против коронавирус, од денеска ќе бидат суспендирани од работа, пренесува „Н1“. Околу 300.000 медицинари се уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостаток на работна сила поради суспензијата.
Во Франција вакцинацијата на здравствените работници и работниците во итните служби е задолжителна.
Денес им истекува рокот да добијат барем една доза вакцина за да не бидат суспендирани. На суспендираните работници пак, ќе им биде скратена платата и можноста да дојдат на работа, но ниту еден здравствен работник, според одлуката на Врховниот суд, не смее да биде отпуштен.
Инаку, Французите со недели протестираат на улиците низ земјата против задолжителните санитарни пропусници.