561 новозаразен и 29 починати од Ковид-19, меѓу нив и двегодишно дете

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 29 лица.

Од пријавените, 27 починале во болнички, а 2 лица во домашни услови.
 
Починале 13 лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г) и по едно лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).

Од МЗ претходно информираа дека Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје пријавила случај за двегодишно дете кое починало, а кое имало неколку тешки заболувања.

„Пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала“, стои во соопштението на МЗ.
 
Поради ковид протоколите, тие додаваат дека на детето му било направен ковид тест кој бил позитивен.
 
Во последните 24 часа е регистриран 561 нов случај. Регистрирани се 249 случаи на Ковид-19 во Скопје, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2 и по 1 во Пробиштип и Богданци.
 
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2 и по 1 од Делчево и Богданци.
 
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008“, стои во соопштението на МЗ.
 
Досега во земјава се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.384 тестови.