„Панкот не е мртов“, „Мајки“ и копродукцискиот „Парада“ од денеска ќе бидат прикажани на 19. меѓународен филмски фестивал во Нанси-Лорен, Франција. Фестивалот годинава доби ново име и се нарекува „Ај ај фестивал“ по малиот лемур што живее на Мадагаскар, кој важи за љубопитно животно со големи отворени очи. Фестивалот открива филмски бисери и затоа го одбрале тој назив. Еден од организаторите, новинарот Тони Гламчевски, истакнува дека разноликоста е приоритетна во изборот на филмовите.
„Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски ќе биде прикажан во главната селекција под отворено небо, додека „Мајки“ на Милчо Манчевски е избран надвор од конкуренција и ќе биде прикажан во чест на лауреатите на селекцијата на документарни филмови.
На фестивалот ќе бидат прикажани околу 150 филма од повеќе од 40 земји.
Извор: Дневник