Кинескиот лидер Си Џинпинг вчера во своето обраќање пред Обединетите нации рече дека Кина повеќе нема да гради нови електрани на јаглен во странство, како нејзин придонес во справувањето со климатските промени, пренесува „Индекс“.
„Кина ќе ја зајакне поддршката за другите земји во развој за зелена енергија и нискојаглеродна енергија и нема да финансира нови проекти на јаглен во странство“, рече Си во снименото видеообраќање.
Земјата беше под дипломатски притисок да прекине со финансирање на проекти за енергија на јаглен во други земји, бидејќи тоа би олеснило да останат на патот кон исполнување на целите за намалување на емисиите на јаглерод.
Инаку, Кина е најголемиот светски емитер на стакленички гасови, бидејќи се уште се потпира на јагленот за своите домашни енергетски потреби.