#ИнстаИлустрации – Моника Илкова

Моника Илкова е магистриран филолог во областа на книжевноста, на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа сама започнала да учи графички дизајн пред година ипол, но подоцна решила да се надогради на Академијата за графички дизајн на Брејнстер.

Дел од нејзините дизајни ги споделува преку Инстаграм профилот „My Wave“, чие име е инспирирано од песната „My Way“ на Френк Синатра.

„My Wave е мало бранче и има желба за почеток да порасне ,,барем” во езеро. Релативно сум нова во областа на графичкиот дизајн и сѐ уште експериментирам во различни правци и стилови. Еден период предизвик ми беше (one) line портретот, но периодов со Академијата, повеќе сум посветена на насловни страници, постери, логоа, пакувања, а особено ја сакам илустрацијата. Всушност, сѐ  што правам, правам со  особено уживање, а особено ме радува кога нешто од тоа ќе допре или ќе предизвика уживање и кај други луѓе“, вели таа за Радио МОФ.

За неа дизајнот претставува приказна, со таа разлика што ако во книжевноста за да се раскаже приказна се потребни зборови, во графичкиот дизајн се потребни форми и бои.

„Двете се моќни пренeсувачи на порака, чувство, идеја. Различни им се само изразните средства“, забележува таа.

Најголема инспирација за Илкова е водата, во сите нејзини облици и сите нејзини бои и нијанси, па затоа и сино-зелената преовладува во нејзините дизајни.

„Ме инспирираат езера (најмногу моето Преспанско), мориња, реки, планини, воглавно природата, но и луѓето околу мене“, сподели таа.

Илкова е уште една дизајнерка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините дизајни:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mywave.mk

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mywave.mk

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mywave.mk

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mywave.mk

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mywave.mk