Најголемата статистичка операција која почна на 5 септември завршува денеска во 20 часот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) досега попишани се 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови.
Преку веб-апликацијата на ДЗС за странство пак, попишани се 203.144 лица.
Од ДЗС повторно потсетија дека граѓаните можат да го извршат попишувањето и во некој од пунктовите за попишување кои се отворени во општините.
Истовремено, тие ги упатија граѓаните за подетални информации да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 070/335-406, 071/483-641, 071/483-293 и 075/402-335.
Последниот попис спроведен во земјава беше во 2002 година, според кој било утврдено население од 2.022.547 лица.