Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 6 лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г).
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа се потврдени 494 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 231 случај во Скопје, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица.
Регистрирани сe 474 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2 и по 1 од Охрид и Пробиштип.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.425 тестови.