ЛГБТ Интергрупа: Eвропските лидери да го повикаат Путин на одговорност

Како што опозицијата на рускиот анти-геј „пропаганда“ закон ескалира, членовите на Европскиот Парламент ги повикаа лидерите на Европската Унија и Советот на Европа да го осудат руското насилно пресметување со ЛГБТ заедницата во земјата.

ЛГБТ-интергрупата на Европскиот Парламент испрати писмо до лидерите на ЕУ барајќи од нив да го покренат ова прашање на Г-20 самитот кој оваа недела ќе се одржи во Санкт Петерсбург во Русија.

Мајкл Кешман, европски парламентарец и копретседател на ЛГБТ интергрупата, цитирајќи го рускиот закон за странски агенти како пример според кој невладините организации треба да се регистрираат како странски агенти, рече:

„Без разлика дали се работи за законите за пропаганда, законот за странски агенти или други закони со кои се ограничуваат слободите на малцинствата и имигрантите, г-динот Путин оди по опасна патека. Лидерите на ЕУ не смеат да игнорираат фактот што се поминати повеќе црвени линии и мораат да го повикаат Путин на одговорност на следниот самит на Г20.“

Активистите велат дека законот придонел за зголемување на анти-ЛГБТ насилството, а особено во таргетирањето на ЛГБТ младината и други етнички малцинства.

Минатиот четврток, портпаролот на ЛГБТ Интергрупата изјави за ЛГБТИК Нација дека покрај „фронталниот напад“ на ЛГБТ правата, растечките насилни позиции на Русија вклучуваат уште неколку закони кое беа усвоени за да се скратат правата на етничките малцинства и за да се нападнат на невладините организации кои ги се бранители на човековите права.

Минатиот јуни, Хуман Рајтс Воч извести дека седум руски групи досега биле изведени пред суд од кои пет организации ги загубиле административните случаи и им било наредено да платат парична казна.

Други петнаесет организации добиле известување за прекршување на предупредувањето на федералниот јавен обвинител дека може да се соочат со административни тужби доколку не се регистрираат како „странски агенти“.

Портпаролот на Интергрупата исто така рече дека неодамна судија во Санкт Петерзбург го прогласил филмскиот фестивал „Сајд бај сајд“ за „странски агент“ и ги казнил со 12 500 евра, затоа што не се пререгистрирал според рускиот закон за странски агенти.

Организацијата „Каминг аут“ од Санкт Петерсбург неодамна беше казнета со 11 400 евра, а нејзиниот директор со 6 800 евра со што беа приморани да ја затворат организацијата.

Софи ин ’т Велд, потпретседателката на ЛГБТ интергрупата рече дека членството на Интергрупата исто така побарало од Комитетот на министри на Советот на Европа, според членот 8 од неговиот статут, да го суспендира правото на глас на Русија.

„Русија се одалечува од три централни носечки столбови на современа Европа: демократијата, владеење на правото и човековите права. Време е Советот на Европа да преземе акција и да го суспендира правото на глас на Русија“ – рече таа. „Г-динот Путин го загуби сопствениот план: овие закони не ги рефлектираат вредностите на Русија, тие не ги рефлектираат европските вредности, тие ја рефлектираат само путиновата се повеќе стегнатата челична тупаница. Време е да се реагира.“

Минатиот јуни, Евопскиот парламент веќе усвои резолуција за владеењето на правото во Русија.

Извор: lgbtq nation/coalition.org.mk