Со почеток во 13 часот, утре (сабота, 2 октомври) во МКЦ по петти пат ќе се одржи настанот кој е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили, „Skopje Vinyl Convention“.
Настанот има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната во оваа пандемично кризна година.
„На сите ни треба добра забава, но за да продолжиме и понатаму да уживаме во звукот на винилот ќе треба да се придржуваме кон мерките и протоколите за одржување на јавни настани на отворено. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари“, стои во најавата за настанот.