МВР приведе едно лице и поднесе кривична пријава за случајот со малите лавчиња

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи (МВР) го привелo 31-годишниот С.А. од Куманово, поради сомнение за кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, а поврзано со случајот со малите лавчиња.

Оттаму информираат дека извршиле и претрес на три локации во Куманово, додека со лицето С.А. бил извршен службен разговор, и дека била поднесена кривична пријава против него.

Пред речиси една недела на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии и видеа на кои се гледаат повеќе лица кои позираат со мали лавчиња.

Активистите за заштита на животни алармираат за шверц на лавчиња

Инспекторот Пејо Кировски од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) претходно за Радио МОФ изјави дека во земјава не била издадена ЦИТЕС дозвола за увоз на лавови.

Оттука, тој потенцираше дека доколку на територијава на земјава има мали лавчиња, тие биле криумчарени.

М.К.