Лице родено во 2013 година, кое остварило доход од 1.016.947 денари е најмладиот милионер во 2020 година, додека највозрасниот милионер бил 96-годишно лице со вкупен доход од 4.570.535 денари. И кај двете лица, најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, според анализата на годишна даночна пријава – највисок доход во 2020 на Управата за јавни приходи (УЈП).
Во меѓувреме, над 100 милиони денари приход оствариле 11 лица, додека меѓу 10 и 100 милиони денари приход оствариле 557 лица. Нешто над 40 илјади, односно 40.021 лице остварило приход меѓу 1 милион и 10 милиони денари, додека мнозинството од 616.024 лица остварило приход од 100 илјади до 1 милион денари.
Приход од 10 до 100 илјади денари оствариле 78.665 лица, односно до 10 илјади денари приход оствариле 34.516 лица.
Минатата година, највисок годишен приход од 453.110.019 денари пријавила жена од Скопје, а на истата листа претежно доминираат лица од Скопје.
Највисоката годишна бруто плата во земјава е исплатена на граѓанин во Струга, односно 105 милиони и 200 илјади денари. Платата, како што стои во анализата на УЈП е остварена во индустријата со метали.
Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно граѓанин од Тетово пријавил вкупен бруто доход од игри на среќа во износ 40.056.068 денари.
Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143,00 денари.
За минатата година, УЈП достави пополнета годишна даночна пријава за 769.794 граѓани, односно 331.314.631.203.469 денари годишен бруто доход и 19.607.095.073 денари данок на личен доход.