Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа работна недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Каде се младите во програмите на кандидатите за скопски градоначалник

Младите од Скопје со наполнети 18 години на 17 октомври ќе можат да влезат во своето гласачко место и да избираат градоначалник. Претходно, тие деновиве се „бомбардирани“ со видеа по Фејсбук, изборни соочувања на ТВ, или билборди со ликовите на кандидатите што ја трчаат локалната изборна трка, но не толку ажурно можат да дознаат што всушност би направиле кандидатите за нив. Какви проекти замислил идниот скопски градоначалник или градоначалничка за 2021-2025 година, барем засега на хартија, а се однесува на младинскиот живот во главниот град?

Каде се младите во програмите на кандидатите за скопски градоначалник

2. „Инклузија на факултет воопшто нема“ – Колку УКИМ е пристапен за студентите со атипичен развој

Пандемијата ги погоди сите, но кризата со Ковид-19 ги исфрли на површина и проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со атипичен развој, особено оние во делот на образовниот систем.

„Инклузија на факултет воопшто нема“ – Колку УКИМ е пристапен за студентите со атипичен развој

3. Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во тетовската болница каде загинаа 14 лица

Прегреан кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во болничка соба е причината за пожарот во тетовската ковид болница каде загинаа 14 лица. Од Јавното обвинителство соопштија дека вештачењето утврдило и дека прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжениот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во тетовската болница каде загинаа 14 лица

4. МВР приведе едно лице и поднесе кривична пријава за случајот со малите лавчиња

Министерството за внатрешни работи (МВР) го приведе 31-годишниот С.А. од Куманово, поради сомнение за кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, а поврзано со случајот со малите лавчиња. Пред речиси една недела на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии и видеа на кои се гледаат повеќе лица кои позираат со мали лавчиња.

МВР приведе едно лице и поднесе кривична пријава за случајот со малите лавчиња

5. [Интервју] Том Боерман: Пешачам низ светот за да ги натерам луѓето да не живеат во страв од непознатото

Македонија е негова 14-та станица. Не е станица во вистинска смисла, бидејќи минува височини, полјани и граници пешки, некогаш и со часови без застанување. Тој е комплетно фит. Неуморен е. Самиот зборува дека фатил малку „заобиколен пат“. Но, не се брзал, сакајќи да види и планински делови од Швајцарија, дел од Германија, потоа Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Косово…

Според 34-годишниот Том Боерман, кој од мај годинава од Холандија тргна пеш низ цела Европа, за да запознаете некоја земја, нејзината култура, треба да ја проучите, или да пропешачите низ неа. Затоа што, вели тој, пешачењето се одвива бавно во однос на целата моторизирана бркотница по подобар живот. Па, луѓето веднаш разговараат со вас. Тука се, крај вас. Пешачењето ослободува, тоа е непосредно, спонтано, со чувство на блискост.

[Интервју] Том Боерман: Пешачам низ светот за да ги натерам луѓето да не живеат во страв од непознатото