Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 3.486 тестирања.
Новите случаи, по градови, се регистрирани во: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Претходниве 24 часа Министерството информира дека се регистрирани и 240 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029. Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19.